Реал Бетис успеа да извлече поен во дуелот со Хетафе, враќајќи се од два гола негатива за 2:2 реми во Севилја.
Клучен човек на пресвртот беше Антонио Санабрија, кој само пет минути по влегувањето во 63. минута, намали на 1:2, пред да учествува во акцијата во која во 87. минута, Ријад Будебуз израмни на 2:2.
Претходно, гостите од предградието на Мадрид, имаа водство од 0:2 во првото полувреме, преку головите на Бергара во 18. минута и Портиљо во 34. минута.