Реал Бетис стигна до минимална 1:0 победа против градскиот ривал Севилја во меч одбележан со црвен картон и со само еден гол.
Мечот изобилуваше со борбеност и грубост, и судијата мораше да подели дури девет жолти картони, од кои два на играчот од средниот ред на Севилја, Роке Меса, фудбалерот кој пред некое време се жалеше дека со воведувањето на ВАР-системот веќе не може да се мамат судиите.
Победникот беше решен во 80. минута, кога Хоакин се најде на вистинското место по нафрлањето на Манди за да го постигне победничкиот гол. Ова е прв пораз за Севилја оваа сезона, а исто така и прва победа на Бетис во третото коло.