Top Sport

Бетис за две минути направија пресврт против Реал

Бетис и Реал во Севиља го играат последниот меч од саботната програма во Ла Лига. По првиот дел Бетис има преднотс од 2.1.

Реал први постигнаа гол во 14 минута преку Феде Валверде. Претходно Куртоа му одбрани „мртва шанса“ на Санабрија.

По голот актуелните шампиони се повлекоа, Бетис во целост ја контролираше играта, а за таквиот пристап беа наградени со два гола.

Најпрвин израмни Манди во 35 минута, две минути подоцна предност на Бетис му донесе Вилијам Карваљо.

Scroll to Top