Енис Барди повторно не беше во составот на Леванте, а тимот од Валенсија и по тринаесетти пат едноподруго не успеа да победи во Ла лига, откако на својот стадион загубија со 0:2 од Реал Бетис.
Леванте успеа да одржи темпо со ривалите во првото полувреме, но сè тргна наопаку откако Чема си постигна автогол по 55 минути игра. Серхио Леон 14 минути подоцна го постигна вториот гол за гостите за сигурна кам-бек победа по 5:3 поразот од Реал Мадрид.
Од другата страна, Леванте, кои имаа фантастичен старт на сезоната во Шпанија, се „заглавени“ на 17-тото место со 20 поени, само еден повеќе од 18-тото место (кое води во Сегунда), каде што се наоѓаат до неодамна отпишаните Лас Палмас. Тимот, секако, го очекува лута борба за опстанок во елитата.