Top Sport

Без голови на „Ренцо Барбера“, Македонија ќе бара шанса во второто полувреме

Македонската фудбалска репрезентација одигра цврсти први 45 минути на „Ренцо Барбера“ во Палермо, заддржувајќи го европскиот шампион Италија без поголеми шанси, но не искористувајќи ги моментите во кои можевме да добиеме повеќе во контранапад за 0:0 по првото полувреме во баражот за Светското првенство во Катар.

По „италијански“ рецепт на катеначо, македонската одбрана беше одлична, не дозволувајќи многу посериозни посериозни шанса на фаворизираните „аѕури“, а Столе Димитриевски беше на своето место кога Доменико Берарди ја имаше најдобрата шанса досега.

Во финишот на полувремето, ја имавме и најдобрата шанса, кога Енис Барди имаше одличен потег за да добие простор во средината на теренот, по што Александар Трајковски шутираше од далеку за Џанлуиџи Донарума да нема поголем проблем.

 

Scroll to Top