Борусија Дортмунд предводена од англискиот тинејџер Џејдон Санчо одиграа добар натпревар, но не успеаја да ја „пробијат“ одбраната на Волфсбург за реми без голови на „Сигнал Идуна парк“.
Пред натпреварот, „милионерите“ повторно го суспендираа Пјер-Емерик Обамејанг поради дисциплински причини, по што тренерот Петер Штегер реши да постави двајца тинејџери во нападот – Санчо и Швеѓанецот Александер Исак, за кои ова беше деби во Бундеслигата како стартери.
Со уште еден тинејџер, Кристијан Пулишиќ зад напаѓачите, Дортмунд беше тимот кој ја имаше иницијативата, но не успеа да постигне гол. Јармоленко имаше одлична шанса преку контра-напад на почетокот на второто полувреме, по што Санчо го погоди дирекот од десетина метри.