Top Sport

Без победник во берлинското дерби

Унион Берлин и Херта одиграа 1:1 во дербито на германската престолнина, по кое Унион продолжува да се бори за европски пласман, додека Херта ќе мора да се потруди за да остане во Бундеслигата.

Роберт Андрич ги донесе домаќините во водство во 10-тата минута од мечот, пред Доди Лукебакио од пенал во 35-тата минута да израмни на 1:1. Унион сега се на седмото место на табелата со 39 поени, додека Херта се 14. со 25 поени, само два над зоната за испаѓање.

Во првиот бундеслигашки велигденски меч денеска, Штутгарт стигна до 1:0 победа над Вердер благодарение на автоголот на Аугустинсон во 81. минута од мечот.

Scroll to Top