Александер Овечкин, конечно, престана со прославата на Стенли купот, и наместо на хокејот малку ќе мисли на фудбалот, кога ќе биде посебен гостин на мечот Русија-Шпанија во осминафиналето на Мундијалот.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков потврди дека рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на мечот поради „напорен работен календар“.
32-годишниот Овечкин, кој по неколку недели славење во САД на првата титула на Вашингтон кепитолс во НХЛ лигата, минатата недела се врати во Русија, потврди дека ќе биде на „Лужники“ во историскиот натпревар за Русија, која првпат како независна земја влегува во нокаут фазата на еден Мундијал.
Овечкин со највредното во животот… Но, и со неговата бремена сопруга!