Англиската јавност смета дека Ливерпул, без Вирџил Ван Дајк, нема никакви шанси да ја одбрани шампионската титула. Холанѓанецот се повреди во саботата, по старот на голманот на Евертон Џордан Пикфорд. Ван Дајк ги скинал предните вкрстени лигаменти во коленото, поради што најмалку шест месеци ќе отсуствува од фудбалските терени.
Црните прогнози се дека оваа сезона за Ван Дајк е завршена. Обложувалниците „реагираа“ по повредата на Ван Дајк и веднаш го намалија коефициентот дека Ливерпул ќе биде шампион.
„Големите тимови не зависат од еден фудбалер, но тој е клучниот човек на Ливерпул. Тимот има проблеми во одбраната, без него тоа е хорор. Луѓето сметаат дека Салах е клуч за играта на Ливерпул, јас мислам дека тоа е Ван Дајк. Ливерпул нема замена за него“, рекол поранешниот капите на Ливерпул Џејми Карагер.