Top Sport

Безмилосната Белгија ги понижи Шкотите (видео)

Шкотска го доживеа најтешкиот домашен пораз од 1975 година, откако расположената Белгија им даде вистинска фудбалска лекција со 4:0 победа во пријателски меч.

Шкотланѓаните беа вистински ривали само на почетокот на мечот, но откако Ромелу Лукаку во 28. минута донесе водство за „ѓаволите“, во второто имаше само еден тим на „Хемпден парк“ во Глазгов.

Еден Азар постигна одличен гол, пред Мичи Батшуаи да додаде уште два гола за четврт пораз во пет меча на селекторот Алекс Меклиш и најлош домашен пораз од тој од Англија (5:0) во февруари 1975 година.

Фото: ЕПА

Scroll to Top