На навивачите на „росонерите“ очигледно веќе им е доста од Џиџи Донарума и шпекулациите околу неговото заминување од „Сан Сиро“.
18-годишниот голман е поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед, Јувентус, ПСЖ и Реал Мадрид, но на крајот и покрај големите обиди на неговиот агент Мино Рајола, тој остана во Милан и потпиша нов договор.
Сепак, слабиот старт на сезоната придонесе навивачите полека да го губат трпението со Донарума со шпекулациите за заминување. Самиот Џиџио не коментираше, но тоа не им пречеше на навивачите на „Диаволо“ безмилосно да го исвиркаат и да постават необичен банер.
„Психолошко насилство со тоа што ти даваме 6 милиони евра по сезона и потпишавме со твојот брат-паразит? Време е да заминеш, нашето трпение е завршено“, стоеше на банерот.
Милан победи со 3:0 во куп-натпреварот со Верона, но Донарума беше во солзи во соблекувалната и мораше да биде тешен од колегата Леонардо Бонучи.
“Psychological violence by giving you €6m a season and signing your parasite brother? It’s time to leave… our patience with you is over!”
AC Milan fans are not holding back with Gianluigi Donnarumma ?
(H/T @IFTVofficial) pic.twitter.com/90ni02TOMO
— B/R Football (@brfootball) December 13, 2017