Top Sport

Безобразно се скапи влезниците за финалето во ЛШ

Прв пат по 2008 година во Лигата на шампионите ќе се игра англиско финале. Пред 11 години во Москва играа Манчестер Јунајтед и Челси, а на 1 јуни во Мадрид ќе се сретнат Ливерпул и Тотенхем.

Ливерпул деветти пат се во финалето и ќе се обидат да ја освојат шестата титула, додека за Тотенхем ова е сефте во најпрестижното клупско натпреварување.

Финалето ќе се игра на стадионот на Атлетико Мадрид „Ванда Метрополитано“ чии капацитет изнесува 67.703 седишта.

Цените за финалето, според фудбалските фанови се безобразно скапи. Тоа денес први го посочија навивачите на Ливерпул.

Најкапите билети ќе се продаваат по цена од 513 фунти (596 евра), седиштата од втората категорија ќе имаат цена од 308 фунти (360 евра), оние од третата категорија ќе се продаваат за 120 фунти (140 евра).

Најефтините билети, во четвртиот сектор, ќе имаат цена од 60 фунти (70 евра).

Scroll to Top