Безживотно тело на 42-годишен маж е пронајдено околу стадионот „Диего Армандо Марадона“, ден по натпреварот меѓу Наполи и Милан, објавија локалните медиуми.
Маж јужно од Неапол бил пронајден на паркингот веднаш до делот за гостински навивачи.
Според полицијата, тој најверојатно се обидел да влезе на натпреварот без билет и паднал од височина од 20 метри.
Деталите наводно ги открил неговиот пријател, кој исто така се обидел да се прикраде на стадионот и се откажал кога греда им се испречила на патот.
Телото било пронајдено два часа по полноќ.