Top Sport

Би-би-си: Николас Пепе се сели во Арсенал

Арсенал го договориле трансферот на Николас Пепе од Лил. Обесштетувањето што ќе го платат „топџиите“ изнесува 80 милиони евра, објавија Би-би-си и останатите британски медиуми. Арсенал оваа сума ќе ја плаќале на рати, бидејќи во овој преоден рок клубот има ограничен буџет за трансфери.

Според информациите од Англија челниците на Арсенал и менаџерот на фудбалерот преговарале околу платата на Пепе. Се претпоставува дека трансферот ќе биде официјализиран во наредните 48 часа.

Пепе минатата сезона блескаше во дресот на Лил, постигна 23 гола во француското првенство. Претходни играл за Анже и Орлеан.

Инаку, за услугите на Пепе 80 милиони евра понудиле и од Наполи, но фудбалерот решил да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Scroll to Top