Top Sport

Биелса иако беше отпуштен, треба да им плаќа на Лил!

Аргентинскиот тренер Марсело Биелса мора да му плати на фудбалскиот клуб Лил над 300.000 евра отштета откако локалниот суд кој утврди дека тој е виновен за отказот кој го доби.

Биелса беше прво суспендиран, а потоа и отпуштен од Лил поради прекршување на договорот поради непланираниот пат во Чиле во ноември, иако на клупата на францускиот прволигаш беше само од летото.

Биелса бараше 18.6 милиони евра за незаконско отпуштање, сума која ќе го банкротираше клубот, кој во јануари доби суспензија за трансфери поради случајот со тренерот.

„Комерцијалниот суд во Лил ги отфрли барањата на г-динот Биелса и ова е победа за клубот. Неговите барања беа толку неразумни што тој треба да плати на Лил 300.000 евра отштета“, вели адвокатот на клубот, Томас Дешајвер.

Биелса најави дека ќе се жали на одлуката, а следното рочиште е веќе следниот вторник.

Scroll to Top