Марсело Биелса, легендарниот менаџер на тимот на Езѓан Алиоски, Лидс јунајтед, вели дека повеќе би сакал да завршат во долниот дел од табелата во Премиер лигата, отколку да го смени својот стил на игра.
Лидс може да се искачиво горната половина од табелата со победа над Кристал палас во понеделник, но Аргентинецот секогаш повеќе го ценел стилот на игра отколку резултатите и не гледа причина да го менува тоа во првата сезона на Лидс во Премиер лигата по 16 години.
„Најважно е да како играме, што ни дозволува да завршиме на високо место на табелата. Ако сте осми, а не играте добро, тоа е многу полошо отколку да сте на 12. место и да играте добро. Кога играте добро е полесно да се искачите на табелата. Се надевам дека тоа ќе се случи“, вели 65-годишниот Биелса.
Лидс, секако, се меѓу најинтересните премиерлигашки клубови за гледање со напаѓачки фудбал, но Биелса вели дека критиките секогаш ќе бидат тука.
„Речиси сите сметаат дека добро забавуваме. Посебно им е интересно на тие клубови кои играат со тим кој прима толку голови. Ако ја сметате формата и стилот, тоа ве носи поблиску до убавото во фудбалот, иако многумина бараат само ефикасност. Ќе зборуваме на крајот на сезоната“, вели Биелса.