Фудбалерите на Лидс, во претходните две кола, непланирано загубија бодови, поради што го компромитираа пласманот на едно од прите две места во Чемпионшип и враќањето во Премиер лигата. Лидс сега се на третото место и до крајот на сезоната немаат право на кикс.
Последните натпревари во оваа сезона Лидс ќе ги игра без македонскиот репрезентативец Алиоски, кој поради повреда ќе отсуствува шест до осум недели.
Поради поразите во изминатите две кола, тренерот Марсело Бијелса бил многу лут на неколку мина играчи. Тренерот чии прекар е „Лудак“ посебно решил да го казни Келвин Филипс.
Само 24 часа по поразот од Брендфорд, Бијелса, го одредил Филипс да игра и за резервниот тим.
Во клубот биле шокирани од оваа одлука, иако и У-23 тимот на Лидс играл важен натпревар. Прашање е дали оваа шок терапија на Бијелса ќе биде успешна, Лидс на третото место има три бода помалку од Шефилд Јунајтед.