Top Sport

Билбао излезе од зоната за испаѓање (видео)

Атлетик Билбао стигна до само третата победа во 18 кола во Ла лига, по 2:1 триумфот на гости кај Селта Виго за да излезе од зоната на испаѓање по четири натпревари без пораз под водство на Гаизка Гаритано.

Баскиската гордост и еден од трите клуба во Шпанија кој никогаш не испаднал од елитата (покрај Барселона и Реал Мадрид), дојде во водство по 19 минути игра преку Икер Муниан, но домаќините успеаја да израмнат пред крајот на полувремето преку Белтран. Трите поени и втора победа во последните четири меча за Атлетико донесе Ињаки Вилијамс на стартот на второто полувреме.

Атлетик се наоѓа на 17. место на табелата со 19 поени, два повеќе од Вилјареал и три повеќе од Рајо Валјекано. Селта се 14. со 21 освоен поен.

Фото: ЕПА

Scroll to Top