Top Sport

Билбао нема среќа со баскиските ривали – трет пораз во низа на Атлетик (видео)

Пред над 40 илјади верни навивачи, Атлетик Билбао повторно загуби, третпат во низа и вторпат од баскиски ривал. Осасуна успеа да извлече 1:0 победа на „Сан Мамес“ за да се израмни со поголемиот баскиски клуб на 31 поени во Ла лига.

Капитенот Ојер во 29. минута се најде на вистинското место по мешаницата пред домашниот шестнаесетник по еден слободен удар, предност која Осасуна успеа да ја одбрани и покрај иницијативата на Атлетик и шансите во финишот на мечот.

По поразот од Реал Сосиедад во претходното коло, Атлетик останува на 10. место на табелата со 31 поен, девет поени од место кое носи во Лигата на шампионите, додека Осасуна е на 11. место со ист број на поени, но со послаба гол-разлика.

Scroll to Top