Баерн Минхен се подготвени да понудат 100 милиони евра за талентот на Јувентус, Пауло Дибала, тврди најтиражниот германски весник „Билд“.
Дибала во последно време минува низ тежок период во Торино и неодамна не беше вклучен во дуелот за титулата против Наполи. Тој не успеа да се вклопи во 4-3-3 формацијата на тренерот Масимилијано Алегри, а многумина се сомневаат во неговата ментална сила во клучните моменти.
Сепак, „Билд“ тврди дека Баерн е подготвен да плати до 100 милиони евра да го привлече 24-годишниот Аргентинец во Бундеслигата. Ова е првпат тој да се поврзува со клуб од Германија, откако претходно се веруваше дека се заинтересирани Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.
Дибала дојде во Торино за 40 милиони евра од Палермо во 2015 година. Оваа сезона во 42 меча тој има 25 гола и седум асистенции.
Фото: ЕПА