Top Sport

Билд: Челси го сакаат Глазнер за менаџер, расте притисокот на Потер

Челси се подговени да направат втора промена на менаџерската позиција во една сезона, откако воспоставиле контакт со тренерот на Ајнтрахт Франкфурт, Оливер Глазнер како потенцијална замена за Греем Потер по катастрофалната низа резултати на „сините“, тврди германскиот „Билд“.

Рестартот на Премиерлигата по паузата поради СП не оди најдобро за Челси, кои имаат најлоша серија од 1966 годинаа со само шест поени во последните девет лигашки мечеви и се наоѓаат на 10. место во Премиерлигата. Доколку навистина се решат за промена на Потер, кој дојде во септември по отказот на Томас Тухел, ќе се работи за ново ниво на „суровост“ под американските газди какво што немаше ниту во ерата на безмилосниот Роман Абрамович.

Австриецот Глазнер ги предводеше Франкфурт до титулата од Лига Европа по победата над Глазгов ренџерс на пенали во финалето, додека на патот до големиот меч ги елиминираа и Барселона и Вест хем. 48-годишниот Глазнер исто така ги предводеше Франкфурт до четвртото место во Бундеслигата и клубот уште е во Лигата на шампионите.

Според информациите на „Билд“, ситуацијата на Потер ќе стане „неодржлива“ доколку Челси не успее да ги победи Кристал палас во неделниот меч од Премиерлигата.

Scroll to Top