Манчестер јунајтед се први фаворити да го добијат потписот на Хери Кејн од Тотенхем, откако Манчестер сити и Пеп Гвардиола решиле да се фокусираат на Ерлинг Халанд во летниот преоден рок по неуспешниот обид да го донесат Кејн, тврди германскиот Билд“.
Кејн беше прва цел на Гвардиола во текот на летото и Сити имаа неколку понуди до Тотенхем, но Даниел Леви не го дозволи трансферот, за на крај „граѓаните“ да го купат Џек Грилиш од Астон вила. На Сити им недостасува напаѓач по заминувањето на Серхио Агуеро и Феран Торес, но „Билд“ вели дека сега ќе се решат за Халанд како за долгорочно решение на клубот.
Од друга страна Халанд призна дека во јануари бил под притисок од Борусија Дортмунд бргу да ја донесе одлуката за неговата иднина, откако постигна 80 гола во 79 меча во дресот на „милионерите“. Сепак, на Сити нема да им биде лесно да го обезбедат Норвежанецот, откако за него се заинтересирани и од Барселона, чиј претседател Жоан Лапорта наводно ветил дека трансферот е „готова работа“.