Top Sport

Билд: Мурињо забрзано учи германски

Жозе Мурињо од декември минатата година нема работа како тренер, иако во изминатиот период неколку клубови покажаа интерес за неговите услуги. Во меѓувреме Португалецот работи како стручен коментатор на „Скај Спорт“.

Викендов Шпанците тврдеа дека Мурињо ќе го наследи Зидан во Реал Мадрид. Исто така тој се поврзува со клупата на Тотенхем.

Можем пресврт во приказната носи „Билд“ со тврдењето дека тој ќе биде новиот тренер на Борусија од Дортмунд. Во клубот не биле задоволни од работата на Лусиен Фавр, сметале дека резултатите не се на нивото на квалитетите на тимот.

„Билд“ пишува од Дортмунд имале редовни контакти со Мурињ, кој забрзано започнал да го учи германскиот јазик.

Наводно во јануари тој ќе се преселе во Дортмунд.

Scroll to Top