Top Sport

Билд: Рангник на лето го „презема“ Милан

Германскиот весник „Билд“ тврди дека тренерот на Ред бул Лајпциг, Ралф Рангник во текот на летото ќе го преземе водечкото место во тимот на Милан, враќајќи ги шпекулациите од пред една година.

61-годишниот Германец, според весникот, ќе биде именуван за тренер, скаут и директор на клубот, во основа станувајќи италијански еквивалент на стариот британски начин на водење на фудбалски тим. Тој би имал целосна контрола на трансферите и не би одговарал на спортскиот директор, како што сега е нормално во Италија и во поголемиот дел од Европа.

Рангник го предводеше Лајпциг до второто место во Бундеслигата иако неколку недели беа на првото место на табелата. Тие играат со Тотенхем во тежок меч од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Scroll to Top