Top Sport

Билд: УЕФА ќе го исфрли Спартак од Лига Европа, Лајпциг без борба оди понатаму

Лајпциг без борба ќе избори пласман во четврт-финалето во Лига Европа. „Билд“, тврди дека УЕФА ќе го исфрли Спартак Москва, поради војната во Украина.

Натпреварите помеѓу Лајоциг и Спартак треба да се играат на 10. и 17.март.

„Во контакт сме со асоцијациите, имаме целосна доверба во УЕФА и во одлуката што ќе ја донесе. Претпоставуваме дека натпреварите ќе бидат откажани“, рекол шефот на Лајпциг, Оливер Минцлаф.

Во едно вакво сценарио, Лајпциг ќе биде четврт-финалист, бидејќи во една ваква ситуација невозможно е Лајпциг да добие друг противник.

Спартак, како победник во Ц-групата, обезбеди директен пласман во осмина-финалето, додека Лајпциг мораше да игра во 1/16-финалето, во кое го елиминираше Реал Сосиедад.

Scroll to Top