Германскиот весник „Билд“, тврди сека поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, ќе го наследи Нико Ковач, на позицијата во Баерн Минхен. Покрај Венгер, според овој извор, во конкуренција се уште неколку имиња за нов тренер на Баерн.
„Билд“, наведува дека за 69-годишниот најчесто бил тема на разговорите помеѓу челниците на Баерн, но и дека деновите на Ковач биле одбројани, бидејќи по саботното реми со Фортуна (3:3), играчите му го свртиле грбот на тренерот.
Баерн и во минатото се обидувал да го донесе Венгер во Минхен, на кого главна предност му била што течно зборува германски.
„За жал тоа досега не се случи бидејќи тој имаше поинакви планови. Лично сме во добри односи, долго време се восхитувам на неговата работа“, изјавил во 2017 година, по дуелот на Арсенал и Баерн, Карл-Хајнц Румениге.
Инаку, покрај Венгер за нов тренер на Баерн се спомнуваат уште две имиња. Зинедин Зидан, екс-тренерот на Реал, кој е без работа откако замина од Мадрид и поранешниот тренер на Лајпциг, Ралф Хазенхулт, кој кон крајот на минатата сезона исто така се поврзуваше со клупата на најтрофејниот германски клуб.
Сигурно е само дека Нико Ковач ќе го предводи тимот во вторник, против Бенфика во Лигата на шампионите.
„Во вторник играме против Бенфика и тогаш на тренер сигурно ќе биде Ковач. Потоа ќе седнеме да направиме анализа и да видиме до каде сме“, Ули Хенес.
Баварците, во Бундеслигата имаат освоено 21 бод, се наоѓаат на петтото место, со девет бода помалку од лидерот Борусија Дортмунд.