Top Sport

Билеса ќе остане во Лидс јунајтед

Менаџерот на Лидс, Марсело Биелса и понатаму ќе биде шеф на стручниот штаб на овој клуб. Аргентинецот сезонава не успеа да ги врати Лидс во Премиер лигата. Во полу-финалниот бараж Лидс испаднаа од регионалниот ривал Дерби каунти.

Биелса (63) останува за да ја заврши работата, поради што и се договорил со претседателот Андреа Радризани да ја искористи опцијата и автоматски да го продолжи договорот и за наредната сезона.

Лидс последен пат во Премиер лигата играле во сезоната 2003/2004.

„Бевме блиску оваа сезона, ќе работиме уште посилно за наредната година да дојдеме до целта. Презадоволен сум што Марсело реши да остане со нас“, рекол Радризани.

Биелса пред една година стана тренер на Лидс. Тој ќе биде вториот тренер кој во последната деценија успеал во две последовни сезони да биде тренер на овој клуб, претходно тоа му успеало на Брајан Мекдермот (2012-2014).

Аргентинецот, во кариерата работел во Лил, Лацио, Марсеј, Атлетик Билбао, Еспањол, а бил и селекторот на Чиле, односно Аргентина.

Scroll to Top