75 илјади среќни навивачи и љубители на фудбалот ќе имаат можност да го следат финалето на Лигата на шампионите на 28.мај во Париз на „Стад де Франс“. За задоволството ќе треба да издвојат од 70 до 690 евра.
Билетите за финалната пресметка меѓу Реал Мадрид и Ливерпул се во продажба и според категориите имат и различна цена. Четвртата категорија билети е најевтина, 70 евра, третата изнесува 180 евра. За поубавите позиции, секако, треба да се плати повеќе. Втората категорија билети се продаваат по цена од 490 евра, додека најлуксузните влезници чинат 690 евра.
УЕФА објави дека 52 илјади билети се во слободна продажба. По 20 илјади билети ќе добијат финалистите, Ливерпул и Реал Мадрид, а 12 илјади ќе бидат достапни за навивачите ширум светот преку официјалната веб страница на Европската фудбалска организација.