Top Sport

Билиќ доби отказ! Вотфорд сменија пет менаџери во 18 месеци

Англискиот второлигаш Вотфорд му врачи отказ на хрватскиот менаџер Славен Билиќ по само шест месеци по лошата серија на резултати во која имаше само една победа во последните осум меча и паднаа на осмото место во Чемпионшип. Се очекува негова замена да биде Крис Вајлдер, поранешниот менаџер на Шефилд јунајтед.

Билиќ е вториот менаџер кој добива отказ во Вотфорд, откако Роб Едвардс беше отпуштен минатата година, а исто така е и петти тренер во последните 18 месеци во клубот, и неверојатен 17-ти менаџер во последните 10 години на клубот од Лондон.

54-годишниот Хрват имаше 10 победи во 26 меча на „Викариџ роуд“.

Scroll to Top