Top Sport

Билиќ добро го наплатил отказот во Ал Итихад

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Хрватска, Славен Билиќ, добро го наплатил отказот што неодамна го доби во Ал Итихад. Во договорот што го потпишал пред шест месеци била вметната клаузула дека доколку биде отпуштен пред завршувањето на соработката клубот ќе мора да му ги исплати сите плати.

Билиќ, во Ал Итихад, договорил месечна плата од 500.000 долари, а клубот треба да му исплати уште 31 плата, односно сума од 15,5 милиони долари (околу 14 милиони евра).

Ал Итихад, во првенството на Саудаска Арабија се наоѓа на претпоследното место на табелата со само 15 бода, осум помалку од безбедната зона, на која се наоѓа Ал Кадиси.

За поранешниот хрватски селектор Ал Итихад беше петтиот клуб во кариерата. Претходно ги тренирал Хајдук Сплит, Локомотив Москва, Бешикташ и Вест Хем.

Scroll to Top