Славен Билиќ, менаџерот на Вест Бромвич Албион (ВБА), со една своја изјава ги собрал симпатиите на англиската јавност. Билиќ е еден од менаџерите кои не ја поддржуваат идејата на Јирген Клоп, во Премиер лигата повторно да бидат воведен пет измени.
Поради густиот календар, менаџерот на Ливерпул, на состаникот на клубовите, го образложил предлогот. Клоп доби поддршка и Пеп Гвардиола и од менаџерите на водечките клубови во лигата, но не и од помалите екипи, оние кои ќе се борат за опстанок.
„Себични сме, поради тоа не сакаме пет измени. Секоја чест за Клоп и Гвардиола, се согласувам со нив, но уште повеќе сум согласен со Крис Вајлдер, тренерт на последно пласираниот Шефилд јунајтед. Ние немаме доволно големи, ниту квалитетни екипи за да играме со пет измени. Најдобра реченица на состанокот е онаа на менаџерот на Фулам, Скот Паркер, чии тим исто така се бори за опстанок. Тој јасно кажа дека за бројот на измени треба да реши Премиер лигата, а не ние. Не сакам да има пет измени на натпревар, но доколку тоа го реши надлежниот орган, тогаш мора да го прифатиме тоа правило“, рекол Билиќ за „Скај Спорт“.