Top Sport

Билиќ, статистички, беше најдобриот тренер на Вест Хем!

Славен Билиќ веќе замина од Вест Хем во понеделникот по низата слаби резултати и само 2 победи во 11 натпревари, но сепак, статистички, тој е најуспешниот тренер на „Чеканите“ во историјата на Премиер лигата.

Сепак, неговите две цели сезони на чело на тимот од Лондон донесоа седмо и 11. место, и во првиот случај квалификации за Лигата на Европа. Севкупно, тој исто така има најмногу освоени поени од осумте тренери кои биле на чело на клубот во ерата на Премиер лигата (од 1992 година).

Во 87 лигашки натпревари тој освои 116 поени, благодарение на 30-те победи 26-те ремија, што е просек од 1.33 поени по натпревар. Со тоа тој е подобар од Алан Карбишли (1.32) и Хери Реднап (1.31), иако Реднап го оствари тоа во седум години на чело на клубот.

Вест Хем исто така постигнале 1.41 голови по натпревар со Хрватот, убедливо највисок просек пред Реднап со 1.20. Билиќ беше остар дефанзивец во својата фудбалска кариера, но неговиот тим примаше 1.59 голови по натпревар, и само Аврам Грант има полош скор (1.81 голови по натпревар).

Scroll to Top