Англија е во четврт-финалето на Светското првенство за жени во Франција, откако со убедливи 3:0 во бурен меч го совладаа Камерун и обезбедија пресметка со фаворитките Норвешка.
Тимот на поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Фил Невил, дојде во водство преку голот на Стефани Хјутон уште во 14. минута од мечот од слободен удар. Елен Вајт во финишот на полувремето зголеми на 2:0 на контроверзен начин, откако прво голот беше поништен поради офсајд, но беше дозволен по интервенцијата на ВАР системот. По ова тие кратко одбија да го продолжат мечот, протестирајќи против одлуката на судијата.
По ова, Камерунките влегоа остро во мечот, правејќи многу фаули, а бесот беше уште поголем кога нивниот гол на почетокот на второто полувреме беше поништен поради офсајд. Гринвуд со гол во 58. минута го комплетираше триумфот на Англија.