Top Sport

Бјелица: Манџукиќ нема да го засили Осиек

Неколку хрватски медиуми, во средата, објавија дека фудбалскиот клуб Осиек подготвува сензационален трансфер. Според овие извори Марио Манџукиќ, во јануарскиот преоден рок, ќе потпишел со Осиек две и пол годишен договор, вреден 1,5 милиони евра по сезона.

Марио Манџукиќ е без клуб од јули, кога го раскина договорот со Ал-Духаил од Катар. Потоа му пропадна веќе договорениот трансфер во Локомотив Москва.

По повод информациите дека Манџо ќе го засили Осиек, се огласи тренерот на овој клуб, Ненад Бјелица.

„Нема шанси. Слободно напишите дека ги демантирам тие информации“, изјавил Бјелица за порталот Index.hr.

Scroll to Top