Ненад Бјелица во четврток ќе го раскине договорот со Динамо Загреб. Бјелица пред 20 месеци го презеде Динамо направи респектабилен тим кој играше во Лигата на шампионите, а поради сплет на несреќни околности не Динамо не успеа да влезе во осмина-финалето.
Бјелица и поголем дел од играчите станаа непожелни на „Максимир“ откако одбија платите во наредните шест месеви да им бидат намалени за 30 отсто.
Според хрватските медиуми најсериозен наследник на Бјелица е тренерот на младиот тим Игор Јовиќевиќ.
„Сигурно е дека Јовиќевиќ е главен кандидат за нов тренер“, објави порталот „Индекс“ повикувајќи се на извори во клубот.
Покрај Јовиќевиќ на листата биле и Сергеј Јокировиќ кој неодамна се раздели со Горица, односно тренерот на Истра 1961 Иван Пелец.