Top Sport

Бјелса: Пеп му направи штета на фудбалот

Учителот Марсело Бјелса вечерва ќе го пречека својот ученик Пеп Гвардиола во дуелот на Лидс и Манчестер сити. Во пресрет на натпреварот Гваридола оценил дека Бјелса е „најавтентичниот тренер“ и дека искусниот Аргентинец е подобар од него.

„Вредноста на тренерот не зависи од бројот на освоени трофеи или добиени награди. Моите тимови освоиле повее трофеи него неговите, но кога станува збор за познавањето на играта и другите работи, вклучувајќи го и водењето на тренинзите јас сум зад него. Тој е личноста на која најмногу ѝ се восхитувам во фудбалот“, рекол Гвардиола.

Од друга страна Бјелса тврди дека Гвардиола е човекот што го сменил фудбалот.

„Пеп, без намера на фудбалот му нанесе голема штета. Поради него постои формација со коај тимовите се бранат од фудбалот на Гвардиола. Кој е подобар тренер? Клоп е едно, Гвардиола нешто друго, а јас сосем трето. Не можеме да се споредуваме“, рекол тренерот кој по 16 години успеа да го врати Лидс во Премиер лигата.

Scroll to Top