Top Sport

Блатер: Флорентино Перез интервенираше Роналдо да ја добие Златната топка за 2013 година

Поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер во интервју за Би-би-си се потсетил на доделувањето на наградата Златна топка во 2013 година. Не е мал бројот на оние што сметаат дека многу нешта што се случуваат зад сцената го одредуваат добитникот на оваа престижна награда, поради што изјавата на Блатер го привлече вниманието на јавноста.

Во 2013 година Златната топка ја освои Кристијано Роналдо, пред Лионел Меси и Франк Рибери.

Блатер за Би-би-си рекол дека пред доделувањето на наградите изјавил дека според него Меси е фаворит бидејќи имал фантастична сезона. Потоаа изјава тој имал телефонски разговор со претседателот на Реал, Флорентино Перез.

„Пред доделувањето на Златната топка за 2013 година реков дека мој фаворит е Меси. Откако медиумите ја пренесоа таа моја изјава ме побара Перез и побара од мене да ја повлечам или сменам мојата изјава. Реков дека сите имам право на глас и дека тоа е работа на вкус“, рекол Блатер и дополнил.

„Во текот на телефонскиот разговор Перез ме потсети дека јас сум почесен член на Реал и дека тој како претседател на клубот тоа не може да го дозволи. Пота Златната топа за 2013 година му припадна на Роналдо“.

Сеп Блатер повеќе не е на фудбалската сцена, тој се повлече откако беше откриено дека земал поткуп за да го фаворизира Катар да ја добие организацијата на Светското првенство во 2022 година.

Scroll to Top