Top Sport

Блатер ја откри реченицата која си ја повторувал Меси по СП во 2014

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, вели дека Лионел Меси постојано си повторувал: „Најдобриот, но не шампион“ по поразот на Аргентина од Германија од 1:0 во финалето на Светското првенство во 2014 година.

Меси тогаш беше прогласен за најдобар фудбалер на шампионатот, но Аргентина загуби благодарение на голот во продолжение на Марио Геце на „Маракана“ во Рио де Жанеиро, и петкратниот освојувач на „златната топка“ беше видливо разочаран од случките.

„Меси си зборуваше. Постојано велеше: ’најдобриот, но не шампионот’“, открива Блатер во интервју за аргентинскиот весник „Ла насион“.

Меси има 65 гола за Аргентина во кариерата, но може да се пофали само со олимписко злато и Светско првенство до 20 години, откако загуби во четири финалиња – на СП во 2014 и на Копа Америка во 2007, 2015 и 2016.

Scroll to Top