Top Sport

Блиц криг на ПСВ со помош на домашниот голман (Видео)

ПСВ Ајндховен направи уште еден чекор кон освојување на шампионската титула во Холандија, откако со неверојатен пресврт, успеа да слави во Алкмар.

Домаќинот, АЗ Алкмар, против лидерот на табелата имаше предност од 2:0 до 74. минута, кога ПСВ го започна пресвртот.

Само пет минути му беа потребни на ПСВ да постигне три гола преку Переиро, Лозано и Ван Гинкел од пенал. Гостите головите ги постигнаа со голема помош на голманот Бизот.

ПСВ е лидер со десет бода повеќе од Ајакс кој има натпревар помалку.

Scroll to Top