Дефанзивецот на Ајакс, Дејли Блинд, кој помина четири години на „Олд Трафорд“, вели дека не е убаво да се види како неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед е во лоша форма, посебно кога Челси, клуб кој е под ембарго за трансфери е пред нив.
Блинд, кој освои ФА куп и Лига Европа со Манчестер јунајтед, ги пречекува Челси во Лигата на шампионите со млад состав.
„Секако дека не сум среќен што ги гледам Манчестер јунајтед со вакви резултати во моментов. Уште сум навивач на Јунајтед и не е убаво да се види. Челси од друга страна имаат добра филозофија со млади фудбалери и со напаѓачки фудбал. Се надевам дека и Јунајтед ќе играат подобро“, вели Блинд.