Top Sport

Боачи, Марин и Чаушиќ пристигнаа во Црвена звезда

Црвена звезда, избори пласман во главната фаза во Лигата на шампионите, поради што дополнително го засили тимот. Во последниот ден од преодниот рок клубот се засили со тројца фудбалери.

Двајца од тројцата нови играчи се вратија во Црвена звезда, а третиот е играч што „црвено-белите“ се обидуваа да го донесат и минатата сезона.

Горан Чаушиќ, Ричмонд Боачи и Марко Марин договорија соработка со српскиот шампион.

Чаушиќ е играч од редот за врска, тој е продукт на младинската школа на Црвена звезда, а со клубот потпишал три годишен договор.

Боачи е репрезентативец на Гана и до јануари играше во Црвена звезда. Напаѓачот во „црвено-белиот“ дрес има постигнато 39 гола на 48 натпревари. Во јануари за пет милиони евра се пресели во Кина, но не успеа да се наметне во тимот на Џангсун.

Според српските медиуми тој ќе потпише две и пол годишен договор со можност истито да биде продолжен за уште една година.

Марко Марин е поранешен германски репрезентативец, кој има српски корени. Изминатите две сезони тој играше во Олимпијакос.

Црвена звезда во Лигата на шампионите ќе игра против ПСЖ, Наполи и Ливерпул.

фото: starsport

Scroll to Top