Ричмонд Боачи, најдобриот стрелец на Црвена звезда, кариерата ја продолжува кај Фабиот Капело во Кина, во екипата на Џангсу.
Боачи потпишал тригодишен договор и по сезона ќе заработува околу 2,5 милиони евра. Црвена звезда од трансферот заработи 5,5 милиони евра.
Во новиот клуб соиграчи на репрезентативецот на Гана ќе му бидат Алекс Тешеира, Габриел палета, Бенџамин Муканџо, а тренер легендарниот Италијанец Фабио Капело.
Боачи во Црвена звезда пристигна во 2017 година како позајмен играч од Латица, а набргу белградскиот тим во целост го откупи неговиот договор. За Црвена звезда одигра 44 натпревари на кои постигна 39 гола.