Кевин-Принс Боатенг, во едно интервју, признал дека се додека не започнал да трениер со Лионел Меси, мислел дека никој не може да се споредува со Кристијано Роналдо.
Барселона, го шокираше фудбалскиот свет, кога во јануари 2019 година од Сасусоло го донесе Боатенг.
„Тоа беше неверојатен период. На почетокот не можев да поверувам дека Барселона се интересира за мене“, рекол 33 годишниот фудбалер.
„Останав без текст кога видов како тренира Меси. Секогаш зборував дека најдобар во светот е Роналдо, но Меси е на повисоко ниво. Тој не е нормален. Додека заедно трениравме, имав впечаток дека не ми е местото тука. Праваше неверојатни работи. Толку неверојатни што сакав да го напуштам фудбалот.
Боатенг шест месеци мина во Барселона, за клубот од „Ноу Камп“ одигра само три натпревари. Искусниот фудбалер сега е играч на Монца во Серија Б.
Инаку, Боатенг, во кариерата како играч на Милан има постинато гол против Барселона, тоа се случило во Лигата на шампионите на 24.ноември 2011 година.