Top Sport

Боатенг на излезна врата во Баерн Минхен!

Остана уште финалето на Купот на Германија и новата ера во Баерн Минхен може да започне, пишуваат германските медиуми.

На крајот на сезоната баварскиот клуб го напуштаа Арјен Робен, Френк Рибери, потоа ветеранот Рафиња, позајмениот Хамес Родригез, недоволно искористениот Португалец, Ренато Санчез и на крај, сега веќе екс-репрезентативецот на Германија, Џером Боатенг.

Дефанзивецот го изгуби местото во стартната постава на Баерн и најверојатно ќе биде продаден една година пред истекот на договорот.

Откако Нико Ковач е на клупата за Баварците, Боатенг е резерва, Хумел и Зуле имаат предност, а со оглед дека е договорено во Баерн да дојдат Ернандес и Павар, перспективата на Боатенг е никаква.

Минатото лето го сакаше Томас Тухел во ПСЖ, нудеше 32 милиони евра, но Баерн го одби трансферот. Сега, под овие околности баварскиот клуб може да е среќен ако го продаде дефанзивецот за 20 милиони евра.

Scroll to Top