Top Sport

Боатенг на пат кон „Емирејтс“

Новиот менаџер на Арсенал Микел Артета го договорил првото засилување во актуелниот преоден рок. Деновиве на „Емирејтс“ ќе пристигне незадоволниот играч на Баерн Минхен, Џером Боатенг.

„Скај Спорт“, тврди дека Арсенал за услугите на 31 годишниот дефанзивец ќе потроши 13 милиони евра. Боатенг сезонава во Бундес лигата има одиграно само осум натпревари поради што побарал трансфер.

Поранешниот германски репрезентативец има искуство од Премиер лигата, во минатото тој го носел дресот на Манчестер сити.

Боатенг со Баерн освоил седум титули во Бундес лигата, четири во Купот и Суперкупот на Германија, по една во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Scroll to Top