Top Sport

Бобан се расплака по емотивната посвета од Модриќ

Легендата на хрватскиот фудбал, Звонимир Бобан не можеше да ги сопре солзите откако Лука Модриќ посебно го истакна него како негов фудбалски идол и пример по освојувањето на наградата за фудбалер на годината од ФИФА.

„Би сакал да го споменам мојот фудбалски идол и капитенот на тимот од 1998 година, Звонимир Бобан, кој секогаш ми е инспирација“, изјави Модриќ по добивањето на елитната награда.

Бобан по крајот на кариерата во 2002 година, дипломираше историја на Универзитетот во Загреб во 2004 година, по што работеше како колумнист на „Ла газета дело спорт“. Од мај 2016 година, тој е заменик генерален секретар на ФИФА, со фокус на развојот на фудбалот.

Модриќ е „кралот“ на светот

Scroll to Top