Top Sport

Бод против Ерменија ќе ја однесе Македонија во Б-дивизијата

Репрезентацијата на Македонија, утре во Никозија, ќе го одигра последниот натпревар од Лигата на нации против Ерменија. Еден бод од дуелот со Ерменците ќе и ја однесе Македонија во Б-дивизијата од ова натпреварување.

Македонија без речиси цел тим ќе и се спротивстави на Ерменија. Поради повреди и суспензии натпреварот ќе го пропуштат Елмас Барди, Адеми, Алиоски, Николов, Спировски, Велкоски и Ристевски, додека од оврските селекторот Игор Ангеловски ги ослободи Пандев и голманот Димитриевски.

Поради големиот број на отсустни дополнителен повик во репрезентацијата добија Енур Тотре од Шкендија и Дарко Мицевски од Вардар.

“Се пласиравме на ЕП, тоа го остваривме, секој натпревар е важен и го цениме. Знаеме за Ерменија за тимот, но за нас најважно е да ги спроведеме на дело задачите од стручниот штаб. Имаме многу промени, многу играчи недостасуваат, но јас верувам дека ќе го дадеме максимумот тие што сме тука. Важно е да бидеме први во оваа група, која носи пласман во Б сегментот”, рече Тотре.

“Секогаш е чест да се биде дел од националната репрезентација. Ќе се обидам да ја искористам шансата. Не чувствувам притисок од тоа што ќе мора да ги менувам Елмас, Адеми, Барди во средниот ред. Секој фудбалер гори од желба да настапи за својата земја”, изјави Мицевски.

Натпреварот во Никозија утре ќе започне во 18 часот.

Фото/FFM.mk

Scroll to Top