Top Sport

Бодот на ВБА против „волците“ чекор плус кон Чемпионшип

Вест Бромвич Албион речиси сигурно идната сезона ќе настапува во Чемпионшип. Тоа уште еднаш се потврди откако предмалку одиграа само 1-1 против екипата на Вулверхемптон на свој терен.

Иако на „волците“ бодовите не им беа императив (12-ти се со 42 поени), сепак ја сочуваа честа и не им дозволија на домаќините со победа да се надеваат премногу на опстанокот.

Силва во 45 минута погоди за гостинско водство, а конечните 1-1 ги постави Диагне во 62 минута.

На 4 кола до крајот на Премиерлигата ВБА собра само 26 бода, доволни за претпоследната позиција. Њукасл во моментов е првата безбедна екипа над нив, но тие се на +10 поени.

Scroll to Top