Top Sport

Буфон не размислува за пензија

Џанлуиџи Буфон летово се врати во Јувентус, потпиша едно годишен договор и сезонава ќе стане играчот со најмногу настапи во Серија А. Според неговите планови ова е последна сезона во кариерата, но челниците на „старата дама“ размислуваат на поинаков начин.

Буфон има 41 година, но се уште делува добро на голот. Тоа најдобро го покажа на натпреварот со Болоња, кога со спектакуларна одбрана во последните секунди му ја обезбеди победата на својот тим.

Италијанските медиуми објавија дека Јувентус и Буфон ги започнале преговорите околу новиот договор.

„Тутоспорт“ пишува дека Буфон ќе добие уште еден едно годишен договор, то значи дека во пензија би заминал на 43 годишна возраст, во јуни 2021 година.

Scroll to Top