Top Sport

Бока јуниорс ја одбрани титулата (Видео)

Фудбалерите на Бока јуниорс ремизираа на гостувањето во Ла плата, против Химназија (2:2) и ја освоија 33.шампионска титула во клупската историја.

Славниот аргентински клуб ја одбрани титулата, што не му се случило повеќе од две децении.

Бока против Химназија два пати водеше со головите на Пабло Перез во 12. и Рамон Абила во 57.минута, а Химназија се враќаше во мечот со погодците на Николас Колацо во 33 и Брахјан Алеман во 81.минута.

Бока јуниорс на коло до крајот на шампионатот има четири бода предност во однос на Годој Круз.

Scroll to Top